Изјава за пристапност
matura.mk сака да биде достапна за сите, вклучително и за лица со оштетен вид, слух или говор.
Стандард
Се трудиме страницата да ги исполнува Упатствата за пристапност на веб-содржини WCAG 2.1, ниво AA, кои се основа на европскиот стандард EN 301 549 и на Директивата (ЕУ) 2016/2102.
Статус на усогласеност
matura.mk е делумно усогласена со WCAG 2.1 ниво AA, поради содржините наведени подолу.
Што може да направите
- Со копчето Пристапност горе на секоја страница: да го зголемите текстот до 200 %, да вклучите висок контраст, поголем проред, фонт полесен за читање, истакнати линкови, поголем покажувач и да ги запрете анимациите.
- Да ја слушнете страницата: Прочитај ја страницата или Прочитај означен текст (за лица со оштетен вид).
- Да ја користите целата страница само со тастатура (Tab, Enter, Space) и со читач на екран. Има линк „Прескокни до содржината“.
- Тестовите во HTML (на пр. Матура 2026, Цели броеви) немаат временско ограничување и не бараат звук.
- Сајтот не бара говор, микрофон или звук. Видеата на YouTube имаат титлови (копче CC).
Содржини што не се целосно пристапни
- Старите тестови (Матура 2013, 2014, Кенгур и др.) сега се во HTML, но кај многу прашања задачата е само на слика, без текстуален опис. Прашањата „кликни на сликата“ може да се решат и со тастатура (стрелки и Enter).
- Лекциите од mInstructor се од надворешен сервис и не се под наша контрола.
- PDF документите (испитна програма, задачи) не се означени за читачи на екран.
- Видеото geo1.mp4 нема титлови и транскрипт.
- Некои стари игри и надворешни страници (kidzone, IXL, Quizizz) не се проверени.
Подготовка на изјавата
Изјавата е подготвена на 17 октомври 2026 со самопроценка: автоматска проверка (axe-core, WCAG 2.1 AA) и рачна проверка со тастатура и читање на глас.
Повратни информации и контакт
Ако наидете на пречка или ви треба содржина во друг формат, пишете на авторот на веб-страницата д-р Зенафер Бајмак преку формуларот за Контакт.