Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Онлајн тест

Матура 2026, август

Задачите од државната матура по математика, август 2026: 15 задачи со повеќечлен избор и 5 задачи со краток одговор.

Кај задачите 1–15 изберете еден одговор. Кај задачите 16–20 впишете само број, на пр. 21. Не користете калкулатор. На крајот кликнете Провери ги одговорите.

1. Кое од следните тврдења е невистинито?

2. Модулот на комплексниот број \(z=(1+i)^3\) е еднаков на:

3. Со упростување на изразот \(\left(9x^{10}:3x^{2}\right)^3\) се добива:

4. Ако \(-3\le x+1\lt 5\), тогаш:

5. Вредноста на изразот \(1-\dfrac{2}{1+\frac{1}{x}}\) за \(x=-2\) е еднаква на:

6. Ако \(a+b=4\) и \(a\cdot b=4\), тогаш \(a^2+b^2\) е еднакво на:

7. Збирот на три цели броеви е \(-6\). Првиот број е за 4 помал од вториот. Третиот број е три пати поголем од првиот. Кој од овие три броја е најмал?

8. Дадена е линеарната функција \(f(x)=2x+m(x-3)\). За која вредност на параметарот \(m\) графикот на функцијата ќе биде паралелен со графикот на функцијата \(g(x)=2\)?

9. Најголемата вредност на функцијата \(f(x)=-2(x+5)(x-3)\) е:

10. Правоаголник со периметар 34 и една страна 5 има плоштина:

11. Даден е правилен шестаголник \(ABCDEF\). Кој од дадените вектори е еднаков на \(\overrightarrow{AD}+\overrightarrow{FA}\)?

12. Колкава е страната на квадратот, ако со ротација околу една негова страна се добива цилиндар со волумен \(64\pi\ \text{cm}^3\)?

13. Збирот на централниот и периферниот агол над ист кружен лак е \(105^\circ\). Колкав е централниот агол?

14. Стаклен сад има облик на квадар со димензии 0,7 m, 0,3 m и 1 m. Колку литри вода се потребни за садот да се наполни до половина?

15. Кое од следните тврдења е точно?

16. Рудата содржи 4 % метал. Колку тони руда треба да се преработат за да се добијат 840 kg метал?

17. Даден е бројот \(\overline{3011a}\). За која вредност на цифрата \(a\) се добива број делив со 6?

18. Дадена е квадратната равенка \(2x^2-5x+2a=0\). За која вредност на параметарот \(a\) равенката има само едно решение? (Може да впишете дропка, на пр. 3/4.)

19. За која вредност на параметарот \(a\) корените \(x_1\) и \(x_2\) на равенката \(2x^2-5x+2a=0\) го исполнуваат условот \(2(x_1+x_2)=x_1x_2\)?

20. Плоштината на обвивката на прав кружен конус со дијаметар на основата 6 cm и висина 4 cm е \(k\pi\ \text{cm}^2\). Впишете го бројот \(k\).