Информатика – I година
Квизови за секоја тема од наставната програма по информатика за I година (сите струки во средното стручно образование): 6 модуларни единици, 10 прашања со објаснувања за секоја тема.
Модуларна единица 1: Хардвер
| Тема | Поими |
|---|---|
| Поделба на современите компјутери | десктоп, сервер, статичен и преносен, вгнезден, персонален компјутер |
| Компјутерски систем и модел на персонален компјутер | хардвер и софтвер, компјутерска архитектура, влезни и излезни единици |
| Хардверски компоненти на персоналниот компјутер | процесор, меморија, бит и бајт, магистрала, матична плоча |
| Современи компјутерски технологии | touch, multi-touch, технологија без допир, 3Д слика, холографија |
| Ергономија | правилна положба на телото, ергономска тастатура и други ергономски уреди |
Модуларна единица 2: Софтвер
| Тема | Поими |
|---|---|
| Системски и апликативен софтвер | поделба на софтверот, оперативен систем, примери програми |
| Оперативен систем | улога и структура на оперативниот систем, современи оперативни системи |
| Датотеки, папки и компресија | датотека, систем на датотеки, директориум (папка), архивирање и компресирање |
| Злонамерен софтвер и заштита | компјутерски вирус, тројанец, спам пораки, антивирусна програма, огнен ѕид |
| Слободен, пробен и лиценциран софтвер | лиценца, слободен софтвер, пробна верзија, отворен код, лиценциран софтвер |
Модуларна единица 3: Програма за обработка на текст
| Тема | Поими |
|---|---|
| Форматирање документ и графички објекти | ориентација на лист, проред, отстапување, нумерирање страници, слики и табели во текст |
| Работа со стилови | постоечки стилови, уредување и креирање стилови, стилови за содржина |
| Содржина и индекси | означување ставки, креирање, ажурирање и бришење содржина и индекс |
| Шаблони и формулари | готови и сопствени шаблони, формулари, полиња за контрола |
| Заштита на документи | заштита на цел документ и на делови, заштита на полињата за контрола, лозинка |
Модуларна единица 4: Програмирање
| Тема | Поими |
|---|---|
| Алгоритми и програми | поим за алгоритам и програма, претставување алгоритми, примери од секојдневниот живот |
| Програмски јазици и интегрирани околини | програмски јазик, изворна и извршна програма, преведувач, едитор, компајлер, дебагер, синтакса и семантика |
| Програма со редоследна структура | основни елементи на јазикот, коментари, идентификатори, клучни зборови, исказ за приказ на екран, редоследно извршување |
| Променливи и искази за доделување | аритметички операции и изрази, константи и променливи, оператор =, тип на променлива (int, double) |
| Внесување податоци и специфики на C++ | исказ за внесување (cin), објаснување за корисникот, знаковен тип, форматирано печатење |
| Структура за избор од две можности | споредбени и логички изрази, if-else, блок од искази, вгнездување |
Модуларна единица 5: Програма за табеларни пресметувања
| Тема | Поими |
|---|---|
| Форматирање табела и елементи од табела | клетка, ред, колона, типови податоци, децимали, датум, валута, процент, спојување клетки, рамки |
| Формули, функции и адресирање | посложени формули, апсолутно и релативно адресирање, COUNT, COUNTIF, SUMIF, IF |
| Графикони | избор на тип графикон, уредување на наслов, оски и легенда, извор на податоци |
| Филтрирање на податоци | автоматски филтер на текст и броеви |
| Сортирање на податоци | сортирање текст и броеви во едно и повеќе нивоа |
| Заклучување клетки и заштита на работна книга | заклучување клетки, заштита на лист и работна книга, валидација на податоци |
Модуларна единица 6: Компјутерски мрежи и интернет
| Тема | Поими |
|---|---|
| Компјутерски мрежи и мрежни уреди | компјутерска мрежа, работни станици, сервер, кабли, хаб, свич, рутер, мрежна картичка, ISP, огнен ѕид, безжичен рутер |
| Интернет, веб и социјални мрежи | историја на интернетот, WWW, HTTP, URL, пребарувачи, Веб 2.0, семантички веб, интернет на нештата, социјални мрежи, приватност на личните податоци |