Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Квиз

I година: Пропорционалност на величини

10 задачи со решенија за I година: размери и пропорции, права и обратна пропорционалност, тројно правило, делбена сметка – задачи за повторување.

Внеси го бројот или избери го точниот одговор. На крајот кликни Провери ги одговорите и види ги решенијата.

1. Упрости го размерот 18 : 72.

2. Парцела A е 80 m × 60 m, парцела B е 90 m × 50 m. Размер на нивните плоштини?

3. (15 − x) : x = 3 : 2. x = ?

4. Бројот 160 подели го во размер 2 : 5 : 7 : 6. Колку е најголемиот дел?

5. 80 автобуски билети чинат 640 денари. Колку денари чинат 60 билети?

6. Шумски работник за 9 дена исекол 486 m³ дрва. Колку m³ ќе исече за 16 дена?

7. Девет работници завршиле работа за 30 дена. Колку работници се потребни за истата работа за 10 дена?

8. 8 работници за 13 дена заработиле 6240 денари. Колку ќе заработат 15 работници за 6 дена?

9. 10 рудари за 8 часа ископале 40 тони јаглен. Колку тони ќе ископаат 8 рудари за 6 часа?

10. Сума се дели на 3 лица: првото добива 1/4, второто 2/5, а третото 126000 денари. Колкава е сумата?