Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Онлајн тест

Реални броеви – тест 1: Прости множители, НЗД, НЗС и редослед на операции

10 задачи со заокружување и дополнување од темата реални броеви, за I година средно училиште. Решенијата се прикажуваат по проверката.

Кај задачите со избор заокружи (избери) еден одговор, кај другите впиши го одговорот (број, децимален број со запирка, дропка како 5/12). На крајот кликни Провери ги одговорите.

1. Разложи го на прости множители бројот 720.

2. Пресметај НЗД\((108, 39)\).

3. Пресметај НЗС\((270, 96)\).

4. Пресметај: \(365+48+135+252+200\).

5. Пресметај: \(15:3+25\cdot11\cdot4-50\cdot5\).

6. Мухамед секој трет ден оди на пливање, секој четврт ден на курс по кинески јазик и секој четиринаесетти ден вози велосипед. Денес ги има сите три активности. По колку дена повторно ќе ги има сите три во ист ден?

7. Иса, Петрит и Гоца имаат чекор долг 60 cm, 65 cm и 70 cm. Тргнуваат заедно од исто место во иста насока. На кое најмало растојание секој ќе направи цел број чекори?

8. Кои трицифрени повеќекратници на 7 меѓу 100 и 200 се деливи со 5?

9. Пресметај: \((1-2)\cdot20:((-3)\cdot4+10)\).

10. Пресметај: \((4-10+3+(-5)+10):(-2)\).