Збирка задачи › Веројатност
Веројатност
5 задачи за вежбање за државна матура по математика, со решенија.
Прво решете ја задачата во тетратка, па отворете го решението. Кај задачите со постапка е наведено и колку поени носи секој чекор.
Оваа тема не е посебно подрачје во актуелната испитна програма за државна матура, но задачите се добра вежба (такви задачи имаше и на тестовите од 2022 година).
Задача 1 Повеќечлен избор
Која е веројатноста при случајно отварање на календар (секој ден од годината е на одделна страна од календарот) на 2013 год. да се падне на дата 29.02.2013 год. ?
А.\(1\)
Б.\(- 1\)
В.\(\frac{1}{365}\)
Г. \(0\)
Прикажи решение
Г. 0
2013 не е престапна година, па 29 февруари не постои.
Задача 2 Повеќечлен избор
Бројот на парни трицифрени броеви, кои можат да се запишат со цифрите 0, 2, 5 и 7 (цифрите може да се повторуваат) е:
А. 24
Б. 4
В. 12
Г. 10
Прикажи решение
А. 24
Прва цифра: 2, 5 или 7; втора: 4 можности; последна: 0 или 2, т.е. \(3\cdot4\cdot2=24\).
Задача 3 Повеќечлен избор
Ако 1 март е во четврток, тогаш веројатноста при случаен избор на ден од месец март тој ден да е недела :
А.\(\frac{4}{31}\)
Б. \(\frac{5}{31}\)
В. \(\frac{6}{31}\)
Г. \(\frac{3}{31}\)
Прикажи решение
А.\(\frac{4}{31}\)
Задача 4 Краток одговор
По случаен начин ученик одбира одговор Б од 4 одговори А,Б,В,Г (само еден е точен) на задача. Веројатноста избраниот одговор да е погрешен, изразeн во проценти, е ____________
Прикажи решение
75%
Погрешни се 3 од 4 одговори: \(\frac34=75\%\).
Задача 5 Задача со постапка
Во еден клас има триесет ученици со број од 1 до 30. Колкава е веројатноста случајно избран ученик да има број кој е делив со 2 или со 3?
Прикажи решение
Наоѓа дека бројот на ученици со број делив со 2 се 15 со број делив со 3 се 10 со број делив со 2 и 3 се 5. (1 поен)
Наоѓа бројот на ученици со број делив со 2 или 3 е 20 (1 поен)