Македонски јазик и литература – државна матура, јуни 2026
Комплетниот тест од државната матура, јуни 2026: книжевност, јазик, читање и пишување. Задачите со избор се проверуваат автоматски, кај отворените прашања се прикажува одговорот од официјалниот клуч, а есејот го пишувате со бројач на зборови.
Прочитајте ги текстовите и одговорете. Кај отворените прашања по проверката споредете го одговорот со клучот и означете дали е точен.
Државна матура, јуни 2026 (Државен испитен центар). Одговорите се според официјалниот клуч.
33. Избери една тема и: (13 поени)
Напиши текст од 260 до 460 збора; прочитај ја темата и добро размисли што треба да содржи текстот; почитувај ги правилата за композиција на текст (воведен дел, главен дел и заклучок); почитувај ги правилата на стандардниот јазик.
Мислите искажи ги јасно и поврзано со употреба на факти и аргументи; Употребувај соодветна лексика и стил во согласност со видот на текстот кој го пишуваш; не пишувај општи фрази; не користи буквално и без критична дистанца готови текстови од различни извори (учебници, стручни книги, веб-страници итн.); внимавај на графичкото средување на текстот – треба да има три јасно изделени целини (вовед, главен дел, завршен дел) и по можност – пасуси во главниот дел. Пишувај со кирилица, користејќи ракописни букви, во спротивно се
одземаат 5 поени од освоените поени на есејот!
Тема 1: Свет без предрасуди – дали е тоа можно?
Размисли што би напишал/а на оваа тема, објасни што е предрасуда и како влијае општеството.
Заземи критички став; можеш да се согласуваш или не со дадениот наслов и употребувај јасни и конкретни размислувања за да го искажеш твојот став за дадената тема.
Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери за твојот став за оваа тема, со кои ќе објасниш дали е можно да се создаде општество без предрасуди.
Изрази го твојот став за тоа дали предрасудите негативно влијаат врз учениците и дај соодветни примери за да го поддржиш твоето мислење.
Заврши со сублимирање на твојот став за темата и нагласи дека напорите за намалување на предрасудите може да имаат огромно позитивно влијание.
Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.
Тема 2: Како образованието влијае врз развојот на праведно и еднакво општество?
Размисли што би напишал/a на оваа тема; објасни дали образованието е еден од главните столбови за градење праведно и еднакво општество.
Заземи критички став; можеш да се согласуваш или не со дадениот наслов и употребувај јасни и конкретни размислувања за да го искажеш твојот став за дадената тема.
Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери за твојот став за оваа тема, со кои ќе објасниш зошто силниот образовен систем ги учи поединците на нивните права и обврски кон општеството.
Изрази го твоето мислење за тоа дали образованието денес има позитивно влијание врз учениците и дај соодветни примери за да го поддржиш твоето мислење.
Заврши со сублимирање на твојот став за оваа тема и нагласи дека образованието е главниот клуч за создавање поздраво и попродуктивно општество (позитивно)..
Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.
Зборови: 0 · Потребно: 260–460 зборови