Политика за колачиња · Одлуката може да ја промените во секое време на страницата „Колачиња“.

Пристапност

Големина на текстот
Читање на глас

Прелистувачот го чита текстот со гласот што го има за овој јазик.

Изјава за пристапност

Македонски јазик и литература

Македонски јазик и литература – државна стручна матура, август 2026

Комплетниот тест од државната стручна матура, август 2026: книжевност, јазик, читање и пишување. Задачите со избор се проверуваат автоматски, кај отворените прашања се прикажува одговорот од официјалниот клуч, а есејот го пишувате со бројач на зборови.

Прочитајте ги текстовите и одговорете. Кај отворените прашања по проверката споредете го одговорот со клучот и означете дали е точен.

Државна стручна матура, август 2026 (Државен испитен центар). Одговорите се според официјалниот клуч.

Оригиналниот тест (PDF) · Клуч (PDF)

Книжевност

1. Прочитај ја песната „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов и одговори на поставените прашања.

Раѓање на зборот Глужд на глужд. Камен врз камен. Камен шума изѕемнина. Глужд на глужд. Камен врз камен, од камен и ние обата. Чади ноќта. Зборот се двои од темнина. Модар јаглен му гори во утробата. О ти што постоиш зашто не постоиш, небото го лулаш, земјата ја вртиш. О ти што постоиш зашто не постоиш, земјата јачи под камен плочници. Иде замелушен од своите смрти зборот што ги крши сите слепочници. Глужд на глужд. Камен врз камен. Својот гроб со прокуда го копам. Отвори ме проклетијо, ти тврдино камена, да изгорам во јагленот на зборот, да се стопам.

Ацо Шопов. „Песни“. Скопје: Македонска книга, 1988. стр. 59.

1.1. Според организацијата на строфите, песната „Раѓање на зборот“ е: (1 поен)

1.2. Во кој стих од песната зборот се доживува како симбол на светлина и чин на создавање ред и космос од хаос? (1 поен)

1.3. Повторувањето на рефренот Глужд на глужд. / Камен врз камен. најмногу упатува на: (1 поен)

1.4. Во песната „Раѓање на зборот“, смртноста и темнината се спротивност на: (1 поен)

1.5. На која збирка песни Ацо Шопов НЕ е автор? (1 поен)

1.6. Поетското творештво на Ацо Шопов ѝ припаѓа на: (1 поен)

2. Прочитај ги внимателно извадоците од делото „Сердарот“ од Григор Прличев и одговори на поставените прашања.

Сердарот I. Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите, и жените, та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? Дал’ град полињата житородни ги беше фатил? Ил’ рој од скакулци се вдал? Дал’ султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал? Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал. Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега, тој сердар прочут падна в бој, и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега, а да ги брани нема кој. II. Во пролетна вечер задумано почива една жена, седејќи на прагот. Со раце на колена, пушката светната ледна таа ја милува благо. На средна е доба; и јадра, и сосема здрава, кршна и херојски силна. Извајана е амазонската нејзина става: вистинска личота милна. Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост. Таа е кутрата Неда, несреќната, достојна мајка на Кузман. Седејќи в хаос од мислите мачни во земјата очите беше ги впила, бидејќи сонила соништа мрачни: Потпорните греди од нивната куќа се ведат, паѓаат шумно во мракот. Но насреде уште останала самотна греда, ама да потпира јако. Но и неа бесно огнооки змејови страшни силно ја тресат од темел и куќата, најпосле, паѓа, а купишта прашни станаа гробови неми... Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто – смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е! И пак го наведнува, како овената трева, зашто чеканиот не е. И зошто ја жали вдовицата минувач тажен, солзите свои ги трие? За смртта тој не се решаваше прв да ѝ каже, од неа злото го крие, бидејќи ѝ беше единствена потпора, левент, чедо на мајка си првно. Страшилиште беше за Харпија — Албанец гневен сегде што грабеше стрвно. На огнот мајката котелот, ене го клава: вода да стопли за толку саканите капнати јуначки нозе и глава... Него го носеа молкум. Се надева, кутрата, пак да го пречека кога коњче ќе разигра стројно. Тој, силниот цар на сенчестите планини, тогај помил и станува тројно. А Кузман честопати гонеше пљачкаши кои плачкаа секаде смело, и секогаш силен и горд, со другарите свои, победник идеше в село.

Григор Прличев. „Сердарот“. Скопје: Мисла, 1973, стр. 63 – 65. 01010110

2.1. Кој е главниот лик во делото? (1 поен)

2.2. Со која стилска фигура започнува делото во првото пеење? (1 поен)

2.3. Која улога ја има ликот Неда во делото „Сердарот“? (1 поен)

2.4. Какви мисли ја прогонуваат Неда во нејзиниот сон според стиховите „Со одвратност од себе сонот го оттурна она, / мислите црни ги гони“? (1 поен)

2.5. Како се вика свршеницата на Кузман Капидан? (1 поен)

2.6. На кој литературен вид му припаѓа делото „Сердарот“? (1 поен)

2.7. На кој јазик било создадено делото? (1 поен)

2.8. Како гласел насловот на делото, со оглед на јазикот на кој било создадено? (1 поен)

3. Прочитај го извадокот од делото „Тартиф“ од Жан Батист Поклен – Молиер и одговори на поставените прашања.

Тартиф: Штом имате склоност кон љубовта моја, принесете жртва за верноста своја! Елмира: Зар вашата желба не е против бога, во кого вие се колнете многу? Тартиф: Што, господ? Тоа е најлесно нешто – такви слични пречки премавнувам вешто. Тоа нека не ви дава сега страв. Елмира: Но кажете патов дал чист е и прав? Тартиф: За стравот ваш имам многу добар лек и совеста можам да ја пратам в сон; За сè има, драга, спасоносен брег – а и пакт е можен со вишниот трон. По потреба може и уздата тесна на совеста наша човек да ја шири, и секој грев може да се мие лесно – со целта што в души не нѝ дава мира. Слушајте го само тоа што го зборам, оставете сам јас да страдам и да горам, дозволете сега јас вас да ве имам – за гревот лесно... Сиот јас го примам. (Елмира кашла.) Што, кашлате страшно? Елмира: Да, тешко ми стана! Тартиф: Бонбончево лечи и најлоша рана! Елмира: За оваа болка не постои лек – јас в гради ја носам неа еден век! Тартиф: О, тоа е лошо! Елмира: Најлошо е, да! Тартиф: Лесно можам да го извлечам тој страв – со потполна тајна што ја гарантирам: Невидено зло – не е зло, Елмира! Ни следува суд за она што е знајно, А грев не е она што се врши тајно!

Жан Батист Поклен – Молиер. „Тартиф“. Кочо Рацин. Скопје: 1966. стр. 83 – 84.

3.1. Како Тартиф влијае врз семејните односи на Оргон? (1 поен)

3.2. Како Тартиф го оправдува своето додворување кон Елмира кога говори со неа? (1 поен)

3.3. Кога Елмира зборува со цел да го разоткрие „вистинското лице“ (карактерот) на Тартиф, каде Оргон се наоѓа? (1 поен)

3.4. Како се однесува Тартиф кога сфатил дека неговата измама е откриена? (1 поен)

3.5. Каде се случува дејството во драмата „Тартиф“? (1 поен)

3.6. Која е главната тема на делото „Тартиф“? (1 поен)

3.7. На кој вид драма му припаѓа делото „Тартиф“? (1 поен)

3.8. На кој литературен правец му припаѓа делото „Тартиф“? (1 поен)

Книжевна анализа и јазик

4. Во која од наведените книжевни форми приказната се раскажува преку наратор? (1 поен)

5. Кои теми ги обработува трагедијата? (1 поен)

6. Кој од долунаведените епски жанрови е најдолг? (1 поен)

7. Најзначајната карактеристика на народната литература е: (1 поен)

8. Научната дисциплина која ги проучува изразните средства на јазикот во едно литературно дело се нарекува: (1 поен)

9. Кој од следните парови е погрешно изведен? (1 поен)

10. Заокружи ја сложената реченица: (1 поен)

11. Заокружи ја реченицата во која е употребена прилошка определба за количество. (1 поен)

12. Определи ја и заокружи ја последичната зависносложена реченица. (1 поен)

13. Заокружи ја сложената реченица што е во инверзија. (1 поен)

14. Заокружи го правилно напишаниот збор. (1 поен)

15. Зборовите оди и чекори се: (1 поен)

16. Во која од следните реченици е употребен фразеолошки израз? (1 поен)

17. Кој од наведените јазици НЕ спаѓа во источнословенската група јазици? (1 поен)

18. Минатото неопределено време изразува (1 поен)

19. Подвлечи ја прилошката определба за време во реченицата: (1 поен)

Кликни на зборот:

20. Подвлечи го правилно напишаниот пример: стамбен простор / станбен простор. (1 поен)

Кликни на зборот:

21. Каков интерпункциски знак се поставува меѓу главната и зависната реченица кај зависносложените реченици? (1 поен)

22. Според бројот на значења, зборовите се делат на (1 поен)

23. Наведи збор којшто му припаѓа на разговорниот јазик (разговорна лексика). (1 поен)

24. Подвлечи го фразеологизмот во реченицата: (1 поен)

Со тие патики на глава ми се качи.

25. Третосложниот акцентски систем е карактеристичен за ____ говорно наречје. (1 поен)

26. Новинарскиот потстил е дел од ______ функционален стил. (1 поен)

27. Уметничко-литературниот стил се карактеризира со: (1 поен)

28. Наведи го насловот на статијата во која Мисирков ги оформува своите ста- вови за македонскиот литературен јазик. (1 поен)

29. Како гласи формата за трето лице еднина на глаголот „чита“ во минато опре- делено свршено време? (1 поен)

30. Именките индивидуа, странка и личност се од граматички ______ род. (1 поен)

Читање

31. Прочитај го текстот и заокружи го точниот одговор на секое поставено прашање.

ДАЛИ КОРИСТЕЊЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ Е КОРИСНО ИЛИ

ШТЕТНО ЗА МЛАДИТЕ?

Особено кај групата млади на возраст од 12 до 21 година, која ги опфаќа тинејџерските години, користењето на социјалните медиуми треба да се оцени со земање предвид на различни променливи. Во оваа возрасна група припаѓаат генерациите родени во 21 век, односно генерациите што пораснале во средина исполнета со технологија. Поради тоа, за нив користењето на технологијата, интернетот и социјалните медиуми е многу поразлично отколку за претходните генерации.

За нив, социјалните медиуми, технолошките уреди и интернетот претставуваат алатки за пристап до информации, нивна употреба и за ширење на знаењето. Покрај тоа, социјалните медиуми се простор за социјализација, развој на личноста, како и за споредување и оценување на самиот себеси и на другите. Поради физичките, менталните и емоционалните промени кои ги носи тинејџерството, младите во овој период се особено насочени кон себеси. Во овој период, интеракцијата и споделувањето со семејството се намалуваат, додека времето поминато и комуникацијата со врсниците значително се зголемува.

Значителен дел од времето младите го поминуваат на социјалните медиуми и на интернет. Поради тоа, особено во поглед на емоционалните потреби, тие се подложни на повредување или можат да повредат други. Дигиталното малтретирање („cyberbullying“) станува еден од значајните проблеми на современото време. Денес, многу семејства воведуваат ограничувања за користење на социјалните медиуми со цел да ги заштитат децата од негативните ефекти. Сепак, целосното ограничување или забрана на социјалните медиуми, во сегашните услови, не претставува конструктивно и корисно решение, бидејќи младите и понатаму ќе се соочуваат со дигиталниот свет.

Наместо да се воведуваат забрани, младите треба да се едуцираат како да ги користат социјалните медиуми на „здрав“, продуктивен и свесен начин. За таа цел, корисно е да се разгледаат посебно предностите и недостатоците на социјалните медиуми.

Корист од социјалните медиуми за младите

Пред да зборуваме за штетните ефекти од користењето на социјалните медиуми, да се осврнеме на придобивките што им ги носат на младите кога тие се користат свесно. Особено во пандемијата, користењето на социјалните медиуми стана важно за младите за да ги одржуваат своите социјални врски. На платформите каде што може да се изведуваат групни видеоразговори лице в лице, студентите можат да учат заедно и да ги споделуваат своите знаења и идеи. Тие, исто така, имаат пристап до преноси во живо кои ги споделуваат академици и просветни работници на социјалните медиуми.

Младите не се поврзуваат само со луѓе од својата непосредна околина, туку и со различни луѓе од целиот свет. На тој начин, тие ја усовршуваат употребата на странските јазици и се запознаваат со различниот културен контекст. Лицата со повлечена и срамежлива природа, кои тешко иницираат комуникација, на социјалните медиуми можат да станат покомуникативни и поиницијативни. Младите преку своите блогови, „Јутјуб“ или инстаграм-страници, можат да создаваат содржини поврзани со нивните области на компетенција. За да обезбедат квалитетни и продуктивни содржини, тие повеќе истражуваат и го надградуваат своето знаење. На тој начин, добиваат можност да го обновуваат, развиваат и споделуваат своето знаење. Исто така, според своите интереси и потреби, можат да следат стручни содржини на други корисници и да се здобиваат со дополнителни информации. Со обликување на користењето на социјалните медиуми според примерот на лицата кои ги почитуваат, тие можат да се насочат кон слични интереси и активности.

Социјалните медиуми, исто така, претставуваат извор преку кој многу млади се информираат за светот. Тоа значи дека во дигиталната средина младите можат, истовремено со остатокот од светот, да ги следат тековните настани, како и случувањата во економијата, политиката, науката и технологијата.

Штетни ефекти од користењето на социјалните медиуми за младите Социјалните медиуми претставуваат средина во која интеракцијата не е само со луѓе кои ги познаваат, туку и со непознати лица. Во овие платформи, поединците комуницираат со профили кои им припаѓаат на реални личности. Меѓутоа, понекогаш младите може да се сретнат со лица кои користат лажни или измислени идентитети кога се вклучени на интернет. Кога младите, кои мислат дека комуницираат со реална личност, ќе сфатат дека не е така, тоа може да предизвика сериозен емоционален и психолошки потрес.

Исто така, кога младите влегуваат во интеракција со лажни профили, тие можат да бидат изложени на закани на физичко, емоционално и материјално ниво.

Завист, навреди, закани и дигитално малтретирање („Cyberbullying“) За време на користењето на социјалните медиуми, отсуството на физичка интеракција може да предизвика поединците да покажуваат поагресивни или негативни ставови, зборови и однесување кон другите. Луѓето понекогаш го користат дигиталниот простор за да направат нешто што во реалниот свет не би се осмелиле, потпирајќи се на „моќта“ што им ја дава анонимноста или оддалеченоста. Тоа може да се изрази преку негативни, навредливи пцовки, закани или вознемирувачки коментари и пораки. Таквото однесување не само што ја повредува уникатноста и достоинството на другата страна, туку може и самиот поединец да стекне лош углед што ќе му наштети на неговата иднина.

На интернет, секоја содржина што се споделува остава трага, а тие траги во иднина можат да се појават како докази што нема да ни бидат пријатни. Затоа, пред секое споделување содржина, треба да се процени дали може да ни направи штета во наредните години.

(https://www.abapsikoloji.com/sosyal-medya-kullanimi-gencleri-nasil-etkiliyor) Sosyal Medya Kullanımı Gençleri Nasıl Etkiliyor | PDF

01010110

31.1. На која возраст треба посебно да се разгледува користењето на социјалните медиуми? (1 поен)

31.2. Која е разликата кај младите од оваа возрасна група во однос на претходните генерации? (1 поен)

31.3. Кое тврдење е точно за односите со семејството и врсниците во периодот на адолесценција? (1 поен)

31.4. Според текстот, што се случува со дигиталното малтретирање? (1 поен)

31.5. Кој метод најчесто го користат семејствата во врска со социјалните медиуми за да ги заштитат своите деца од негативните влијанија? (1 поен)

31.6. Какво е мислењето за ограничувањето или забраната на социјалните медиуми во денешни услови? (1 поен)

31.7. Која е една од позитивните функции на социјалните медиуми за време на пандемијата? (1 поен)

31.8. Што ќе се случи со секоја споделена содржина на интернет во иднина? (1 поен)

32. Прочитај го текстот и одговори на поставените прашања.

Дали 2026 година ќе биде пресвртна точка во решавањето на глобалните климатски и еколошки проблеми?

„Годината 2025 е забележана како период кога еколошките кризи станаа дел од секојдневниот живот. Годината 2026, пак, се очекува да биде глобална година на рехабилитација, кога ќе треба да започнеме со целосен пристап за обновување на екосистемот.“

Наследството на 2025 година: дипломатски пресвртници и ново лидерство

Годината 2025 во областа на климата беше одбележана со најзначајниот дипломатски настан – самитот COP-30, односно 30. Конференција на страните на Обединетите нации – Рамковна конвенција за климатски промени, одржана во Белем, Бразил. Самитот COP-30 упати повик до човештвото за глобален напор во справувањето со климатските промени – односно за колективна акција – и утврди два клучни патокази: праведно напуштање на фосилните горива и запирање на уништувањето на шумите.

Фактот што COP-30 се одржа во период кога мултилатерализмот губи на сила доведе до нови пристапи и структури. Наместо консензус, во глобалните климатски напори сè повеќе доминира ерата на коалиции – односно на регионални соработки. Поголема и поодлучувачка улога презема Глобалниот Југ, составен од економии во развој и земји во подем, а иницијативи како „Климатски клуб“ стануваат сè повлијателни во обликувањето на климатската агенда.

Потреба од вода: земјоделство, почва, енергија и „новата генерација“ предизвици Покрај случувањата поврзани со глобалните климатски промени во 2025 година, и во областа на водата почнаа да се забележуваат знаци дека еколошкиот ризик на светско ниво се претвора во криза. Податоците од 2025 година покажаа дека водниот стрес – недостигот на вода – не е само прашање на количество, туку и проблем што се однесува на почвата и на здравјето на луѓето.

Повеќе од 70 % од глобалното користење на слатката вода отпаѓа на земјоделскиот сектор, додека над 60 % од деградацијата на земјиштето, предизвикана од човекови активности, се случува токму во земјоделските подрачја (обработливи површини и пасишта). Оваа состојба, во услови на растечка популација и намалување на изворите на слатка вода, ја зголемува загриженоста околу тоа како ќе се заштитуваат и ќе се управуваат овие ресурси.

Поконкретно, станува јасно дека е неопходно создавање поефикасни политики во областите што директно зависат од водата – земјоделството и енергетиката. Особено, деградацијата на почвата доведува до намалување на нејзината способност да задржува вода, што создава потреба од дополнително наводнување и предизвикува неодржлив товар врз ресурсите.

Клучните наоди од 2025 година укажуваат дека е потребно да се применат стратегии за поголемо и подобро производство со помалку ресурси“. Од друга страна, транзицијата кон обновлива енергија – клучна во борбата против климатската криза – го отвора прашањето за интензивната употреба на вода при експлоатацијата на критични минерали. Рударските активности потребни за батерии и технологии за чиста енергија често се концентрирани во региони што веќе се соочуваат со висок воден стрес, со што создаваат дополнителен притисок врз локалните ресурси.

Зајакнувањето на оваа поврзаност не само што го зголемува притисокот врз слатководните ресурси, туку може и да ја ослабне поддршката што водозависните енергетски технологии ја даваат во намалувањето на емисиите. За да се прекине овој циклус, неопходни се мултидимензионални мерки што ќе ги опфатат сите релевантни сектори.

Трансформација на енергијата: пробив на обновливата енергија Годината 2025 беше период кога растот на капацитетот за чиста енергија го следеше зголемувањето на побарувачката за енергија. Во борбата против климатските промени и во обезбедувањето сигурност на снабдувањето со енергија, преку развој на технологии за системска интеграција, обновливите извори на енергија играат главна улога.

Сценариото „Нулта нето-емисии“ на Меѓународната агенција за енергија (IEA) предвидува дека во 2026 година инвестициите во чиста енергија ќе достигнат приближно 4,8 трилиони долари годишно, што претставува еден од најважните успеси на обновливите извори како примарни извори на енергија.

https://www.aa.com.tr/tr/analiz/-kuresel-iklim-ve-cevre-sorunlarinin-cozumunde-2026-bir-donumnoktasi-mi-olacak/3794487

01010110

32.1. Како е опишана 2025 година, во однос на еколошките кризи, во текстот? (1 поен)

32.2. Како е дефинирана 2026 година во текстот? (1 поен)

32.3. Кој беше најважниот дипломатски настан во областа на климата во 2025 година? (1 поен)

32.4. Кои се двата основни патокази утврдени на самитот COP-30? (1 поен)

32.5. По COP-30, која нова ера започна во глобалните климатски напори? (1 поен)

32.6. Колку проценти од глобалното користење на слатката вода отпаѓа на земјоделскиот сектор? (1 поен)

32.7. Колку проценти од деградацијата на земјиштето, предизвикана од човекови активности, се случува во земјоделските подрачја? (1 поен)

32.8. Какви последици има деградацијата на почвата врз водата? (1 поен)

32.9. Каков развој се случи во областа на енергијата во 2025 година? (1 поен)

32.10. Според IEA, колку ќе изнесуваат инвестициите во чиста енергија во 2026 година? (1 поен)

33. Избери една тема и: (13 поени)

Напиши текст од 260 до 460 збора; прочитај ја темата и добро размисли што треба да содржи текстот; почитувај ги правилата за композиција на текст (воведен дел, главен дел и заклучок); почитувај ги правилата на стандардниот јазик.

Мислите искажи ги јасно и поврзано со употреба на факти и аргументи; употребувај соодветна лексика и стил во согласност со видот на текстот кој го пишуваш; не пишувај општи фрази; не користи буквално и без критичка дистанца готови текстови од различни извори (учебници, стручни книги, веб-страници итн.); внимавај на графичкото средување на текстот – треба да има три јасно изделени целини (вовед, главен дел, завршен дел) и по можност – пасуси во главниот дел. Пишувај со кирилица, користејќи ракописни букви, во спротивно се

одземаат 5 поени од освоените поени на есејот!

Тема 1: Улогата на стручното образование во формирањето на критичко размислување и граѓанска одговорност

Размисли што би пишувал/-а на темата, појасни дали и на кој начин стручното образование има улога во формирањето на критичко размислување и граѓанска одговорност.

Заземи критички став, може да се согласиш или да го негираш зададениот наслов, и своето мислење изрази го преку јасни, логички поврзани и последователни аргументи.

Објасни како стручното образование преку практична настава, работа на конкретни задачи и реални ситуации ја развива способноста на поединецот да анализира и проценува информации, да носи одлуки и да ги разбира последиците од своите ставови и постапки.

Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери со кои ќе ја објасниш важноста на стручното образование во развивањето критичко размислување кај младите и нивна подготовка за активно и одговорно учество во општеството и на пазарот на трудот.

Искажи го твојот став за улогата и влијанието на стручното образование кај младите како критички и активни членови во општеството и наведи соодветни примери од училиштето, практичната настава или секојдневниот живот.

Заокружи со сублимирање на својот став за темата и за тоа на кој начин стручното образование придонесува за формирање на критичкото размислување и развој на граѓанската одговорност кај младите.

Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.

Тема 2: Зошто е важно да им се помага на другите во секојдневниот живот

Размисли што би пишувал/-а на темата, појасни зошто е значајно да им се помага на другите и каков бенифит имаат тие што помагаат и тие на кои им е понудена помош.

Заземи критички став, може да се согласиш или да го негираш зададениот наслов, и користи јасни и последователни мисли за да го искажеш ставот за зададената тема.

Наведи најмалку два аргументи поткрепени со конкретни факти и примери за твојот став за темата со кои ќе појасниш зошто е важно да им се помага на другите луѓе во животот.

Искажи го твојот став за тоа како се чувствува младиот човек кога некому ќе помогне (создавање атмосфера на доверба и етички вредности – емпатија и сочувствување, борба против нееднаквост, чувство на лична исполнетост и среќа) и наведи соодветни примери со кои ќе го поткрепиш своето мислење.

Заокружи со сублимирање на својот став за темата и сумирај зошто е важно да им се помага на другите во секојдневниот живот од социјален, етички и психолошки аспект.

Употребувај стандарден македонски јазик и ракописно писмо и внимавај на правописот, лексиката, синтаксичките и интерпункциските правила.

Зборови: 0 · Потребно: 260–460 зборови